Skip to main content

„Бар Ремарк“ премиерна изведба на Охридско лето

Премиерно на „Охридско лето“ „Бар Ремарк“. Битолскиот народен театар утревечер во предворјето на црквата Св Софија ќе ја изведе својата најнова театарска претствава „Бар Ремарк“ во режија рускиот филмскиот и театарск актер Александар Баргман, изработена по текстот „Тројца другари“ од Ерих Мариија Ремарк.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Животната приказна за луѓето кои поминале низ стравот и ужасот на војната и нивната немоќ да се ослободат од сенките на минатото, ја пренесува Битолскиот Народен театар, преку премиерната изведба на поставката „Бар Ремарк“. Валентин Светозарев, директорот на битолскиот театар истакна дека задоволство му е што соработува со имиња на странски режисери, посебно до русинот Александар Баргман, кој според него, не е само режисер, туку се што може да се работи во театар.

„Тоа е секогаш работа која треба да се испроба. Едно е да се разговара на маса, друго е да се направи претстава. За огромна среќа во последниве години се појавија неколку наши театарски пријатели, режисери кои и тоа како ги поклопија своите уметнички резонанси со резонансите на Битолскиот Народен театар и направија претстави кои мислам дека ги одбележаа последниве 10 години, како претстави со исклучително висок театарски уметнички квалитет, но и со една нова малку поинаква естетика од тоа што дотогаш го правел театарот“.

Режисерот Баргман има добра соработка со битолскиот театар. Тој како актер има настапувано во повеќе претстави на фестивалот „Охридско лето“ со гостување на рускиот театар, но и како режисер на театарската претстава „Паника“.

Македонија и македонскиот театар, благодарение на Тино, благодарение на театарот „Вера Комесаржевскаја“ и Саша Морфов, станаа дел од мојот живот. И секоја година се убедувам дека се повеќе има некакво братство меѓу нас. Не само човечка туку и заедничка уметничка соработка во која сите сме вклучени. Направивеме неколку претствави со Тино и оваа соработка е логичко продолжение на таа соработка“.

Баргман околу неговиот избор да го работи Ремарк истакна дека најмногу е виновна денешницата, односно војните и кризите се чини како никогаш да не завршуваат. Катерина Аневска е дел од актерската екипа на премиерата „Бар Ремарк“. Таа рече дека задоволство е да се работи со Бергман и ветува добра претстава.

„Јас го играм ликот на Патриција Холман, таа е една жена, душа, соединение на мало дете и возрасна жена, жена која боледува од тешка болест, но и покрај тоа што боледува и си го знае својот исход таа буквално го наоѓа убавото во се“

Актерот, Огнен Дранговски игра во комплицирана претстава која обработува исто толку комплицирана тема. Ова е втора негова соработка со режисерот Баргман.

„Во оваа претстава најинтересно е неговата индикација… не е Роберт Локам…туку е Огнен Роберт Ремарк. Неговото инсистирање да не излегуваме далеку од нас да не правиме преголема дистанца од нас, но сепак да ги споиме со ликовите кои ги играме“

Сите љубители на драмската уметност утревечер во предворјето на црквата Св Софија, во стандардниот термин 21, часот, ќе имаат можност да го проследат премиерното издание на претставата „Бар Ремарк“.