Skip to main content

Комунални проблеми

Се бараат сопствениците на имот чиј потпорен ѕид се урива во чаршијата

Опасност за жителите кои живеат на улицата „Аргир Маринчев“ во стариот дел на Охрид, но и за туристите кои шетаат во разглед на Стар град.
 |  Голабовски Крсте  | 
Ѕид и порта

Опасност за жителите кои живеат на улицата „Аргир Маринчев“ во стариот дел на Охрид, но и за туристите кои шетаат во разглед на Стар град. До рубриката „Ти си твјот град“ неодамна жител на Месокастро се пожали и испрати фотографии од терен дека попушта потпорниот ѕид и земјата се таложи на скаличињата кои водат кон централниот дел на чаршијата.

„Секој момент очекуваме дрвената врата да падне и целосно да го попречи движењето“. – пишува граѓанинот.

Граѓанинот кој испрати фотографии и реагираше во рубриката „Ти си твојот град“, вели дека не е безбедно за минување на тој потег по тесната уличка, и додава дека се создава и грда слика која секој ден ја гледаат голем број туристи кои шетаат низ Стар град.

„Каде се надлежните и мислат ли да го санкционираат ова? Пред некоја година куќата тука што беше се сруши, не знаеме кои се сопствениците, но тоа не значи дека Општината треба да остави вакво ругло во центарот на Охрид.“– додава жителот на Месокастро.

Од Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при Општина Охрид информираат дека во конкретниов случај, Одделението за инспекциски надзор треба да ги лоцира и задолжи наследниците на имотот доколку ги има, да го санираат потпорниот ѕид и да ја исчистат улицата.