Skip to main content

Граѓански парници

Барал оштета, ќе ги плати судските трошоци

Илија Џепароски ја тужел Нискоградба затоа што паднал во шахта на ул Јане Сандански и го загубил спорот. Сега ќе ги плати судските трошоци.
 |  Голабовски Крсте  | 
повреда

Илија Џепароски ја тужел Нискоградба затоа што паднал во шахта на ул Јане Сандански и го загубил спорот. Тој вели дека во септември 2020 година враќајќи се во својот дом со левата нога пропаднал во шахта за одвод на отпадни води при што се здобил со сериозни повреди.

Шахта

„Пред година дена во разминување со луѓе пред Рамстор продавницата паднав во отворена шахта. Се здобив со повреди 6 месеци во болници со лонгети и случајот го дадов на суд. Прво се обидоа од Нискоградба да се договориме за тоа што ми се случи, јас не прифатив и ги дадов на суд“, – вели Илија Џепароски – жител на Охрид.

Тој побарал оштета од вкупно 3 милиони денари за претрпена физичка болка, претрпен страв, за претрпен душевен бол поради намалена животна активност и за душевна бол поради нагрденост.

„Не да барам оштета туку го изгубив спорот и сега сум во таква ситуација што треба да плаќам оштета на претпријатието Нискоградба. Значи шахтата беше отворена, претходниот месец во шахтата падна една стара жена,Шахтата година дена стоеше отворена. Судијата по брза и кратка постапка не ги зеде нашите докази кои ги дадовме.Не ги зеде камерите од Рамстор за надзор. Повика еден минувач кој ме крена од шахтата, имав и посекотини. Образложението беше Сум требало да гледам каде одам“ – објасни Џепароски.

Незадоволен од пресудата Џепароски се обратил и до апелацискиот суд во Битола каде што, според него, му била нанесена уште една неправда.

„Се жалевме во Битола. Во пресудата пишува дека шахтата била обезбедена. Ова е најголемата неправда.Едно на рочиште а друго се пушта во дописот во Битола. Го повикувам уште една судијата да ми кажит заедно со вештаците дали шахтата беше отворена или не беше отворена. Ако беше затворена јас немаше да паднам во неа. Шахтата беше од метро во нејзе имаше фрлено камења едно 60 сантиметри беше отворена.После случката за два дена Нискоградба ја санира шахтата како да не постои“ – кажа Џепароски.

Предметниот судија го одбил тужбеното барање поради тоа што тужителот не докажал дека повредите настанале од пад пропаѓање во канализациона шахта. За судијата не се спорни повредите но, симптоматично било тоа што Џепароски цели шест месеци не го пријавил настанот во надлежните органи со што било оневозможено објективен начин на утврдување на состојбата на шахтата.