Skip to main content

Барањето за дебата за урбанизацијата на Студенчишко Блато не доби поддршка од владеачкото мнозинство

Владеачкото мнозинство во Советот не ја прифати иницијативата и барањето на советниците од опозицијата за поширока дебата околу урбанизацијата на просторот на Студенчишкото Блато.

 |  Мишел Наумоски  | 
blato
блато

Не помина иницијативата и барањето на опозициските советници на денешната седница на советот да има поопширна дебата за урбанизацијата на Студенчишкото Блато. На седницата не присуствуваа ниту Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, ниту претставници од Завод и Музеј од Охрид, Хидробиолошкиот Завод или пак еколошки друштва кои опозицијата пред неколку дена бараше да бидат поканети и да земат учество на денешната седница.

studencista„Она за што Бакрачески и ДПМНЕ тврдеа дека нема да го прифатат во нивната програма денес сме сведоци дека не само што оваа локална самоуправа и градоначалникот немаат слух за барањата на граѓаните, туку напротив видовте дека ниту еден од ДПМНЕ, односно координаторот на советничката група не излезе со став зошто не ја прифаќа оваа точка. Ние баравме да бидат повикани претставници, им дадовме време коректно, граѓански да се подготват за денес да ја прифатат точката, но изгледа претходно овде знаат дека кога ќе добијат налог од шефот, дека не смее да биде прифатена ниедна точка.“-вели советникот од редовите на ЛДП, Дејан Блажески.

Градоначалникот Бакрачески пак рече дека сите детални урбанистички планови кои ги носи локалната самоуправа се во согласност со законската регулатива и во нивното носење се вклучени голем број на институции.

baranje debata studencista„Се она што се носи како урбанистичко решение во општина Охрид ја следи законската регулатива. Така да јас не знам од каде е тој впечаток дека во Охрид прекумерно или неадекватно се урбанизира, тоа не е процес што може да се одвива зад затворени врати, или тајно да се договара. Тоа е транспарентен процес, во кој ќе кажам вклучени се и граѓаните преку јавни расправи, анкети, комисиите кои се овластени да прават записници и процес во кој се инволвирани многубројни институции во Република Македонија.“-рече градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески.

Координаторот на советничката група на СДСМ, Јован Стојаноски, вели дека тие формално и понатака деловнички ќе се залагаат оваа точка да дојде на дневен ред. Појаснува дека ветувањето од претседателката на советот дека точката ќе биде ставена на дневниот ред на наредната седница е законска должност.

opozicija„Во спротивно ние ќе го искористиме нашето деловничко право да свикаме седница. Тоа се сите овие советници кои стојат пред граѓаните, да свикаат посебна седница на Советот, на која ќе ја поставиме оваа точка за која и денеска се боревме. Ова е дефинитивно суштинска точка за животот на граѓаните на Охрид и ова не е политичко прашање, ова е суштинско прашање.“-изјави координаторот на советничката група на СДСМ, Јован Стојаноски.

Советниците од опозицијата потенцираа дека со цел обезбедување што поголема информираност околу урбанизацијата на Студенчишкото Блато, тие ќе бараат и извештај од УНЕСКО како би можело да се донесе одлука за ова прашање. Инаку за во понеделник локалната самоуправа закажа и јавна расправа по однос на измените во генералниот урбанистички план, дел од кои измени се однесуваат токму на просторот од Студенчишкото Блато.

{loadposition content9}