Перфектно италјанско еспресо со вкус на лешник и на печено лепче
Само со знаење до перфектно италјанско еспресо. Дваесетина баристи од регионов четири дена беа на специјални обуки во кафе академијата во Скопје и здружението на баристи за да ги научат тајните на овој занает. Денес ги добија своите сертификати.
Во Охрид од неодамна може да се пие перфектно италјанско еспресо какво што се подготвува во светот. Дваесетина баристи од регионов четири дена беа на специјални обуки во кафе академијата во Скопје и здружението на баристи за да ги научат тајните на овој занает. Подготвувањето на кафе и неговото служење преставува цела наука и овај топол напиток без кој многумина не можат да го започнат денот треба да биде подготвен до перфекција. Душко Петровски, еден од баристите кој ги посетувал овие обуки, а кој денес во кафе терасата „Аквариус“ доби и сертификат за тоа, вели дека десетина години работи во угостителството и дека во текот на денот подготвувал и по стотина кафиња, но дури сега научил навистина какво треба да биде перфектното италјанско еспресо. Треба да биде тазе мелено и да има вкус на лешник и на печено лепче.
Многу работи научив. Некои ситни детали на кои досега воопшто не обрнувавме внимание, но кои му даваат посебен вкус на кафето. Сега можеме и на охриѓани и на скопјани и на останатите гости во „Аквариус“ да им понудиме кафе какво досега можеби не пробале, вели Петровски.
Идејата за овој проект потекнала од Еснафот на угостители во градов кои го увиделе недостатокот на стручно обучен кадар за подготвување на кафе, но и на коктели. Во соработка со Агенцијата за вработување за да се пријават на обуките им дале предност на лицата кои биле невработени, а им било понудено да се обучат и на веќе вработените лица во угостителските објекти. Интересот бил голем па се пријавиле дури 49 мина, вели претседателот на угостителскиот еснаф, Михаил Мишев кој е дел од кластерот кој го спроведува проектот.
На Охрид му недостасува стручно обучен кадар и затоа се обидуваме да го создадеме во поголем број. Доколку стручни лица се вработени во угостителските објекти понудата ќе биде на ниво како во познатите туристичките центри во светот, вели Мишев.
Мишев вели дека напорите кои ќе се прават е да се стандардизираат сите производи во угостителските објекти и да се со ист квалитет. Ваквите проекти ќе продолжат и понатаму се со една цел за подобар развој на туризмот и угостителствот во градов.
{loadposition content9}