Skip to main content

Екологија

Бавни проекти за заштита на Охридското езеро

Сеуште не е готов планот за управување со Охридското крајбрежје, а депонијата Буково е отворена.Не е слободен ни Студенчишкиот канал од пловни објекти.
 |  Валентина Неловска  | 
Св. Јован Канео

Доцнат реализациите на зафатите кои треба да го спречат загадувањето на Охридското езеро по препораките дадени од Унеско. Државата и градот се исправени пред повеќе сериозни проектни предизвици меѓу кои се управувањето со крајбрежениот појас, депонијата Буково и каналот Студенчишта.

Охридскиот градоначалник, Кирил Пецаков, посочува дел од сработените зафати за заштита на Езерото. Издвојува дел како што се поставување решетки на реките кои се дел од сливното подрачје за да се спречи внес на цврст отпад во езерото, завршување на јавната дебата за Студенчишкото блато, а ги посочи и проектите кои допрва треба да се реализираат.

Охридско езеро

Изработка на план за управување со крајбрежјето што е задача на Агенцијата за просторно планирање и на министерството за транспорт и врски. Тие 2 и пол години не ги имаат дадено подлогите за изработка на тој план, а камоли нешто суштинско да се промени. Наспорти нашите 5 иницијативи поврзани со уредување на плажите, затоа што тој план е важен за нас, но, да имаме квалитетен план по препораките на Унеско“, вели Пецаков.

Градот сеуште чека да се изгради современа регионална депонија, бидејќи Буково требаше да биде затворена за употреба пред нешто повеќе од 2 години. Пецаков напоменува дека решавањето на проблемот Буково во сливното подрачје на Охридското Езеро е огромен предизивик за општина Охрид.

Денот на охридското езеро

„Бара напори, но и огромни финансиски средства. Министерството за животна средина започна инцијатива со Југозападниот плански регион за решавање на проблемот. Ставена е на хартија, а наскоро ќе биде на дневен ред на Советите на општините од Југоапзадниот регион за да се формира регионално јавно претпријатие Депонија, општина Новаци, со 7-8 претоварни станици“, посочува Пецаков.

Се чека надлежните да го завршат и проектот за враќање на реката Сатеска во старото речно корито. Во фаза на донесување е и законот за Студенчишкото Блато кое треба да биде прогласено за парк на природата со точно дефинирани услови и активности кои ќе бидат дозволени во рамките на блатото. Од препораката за дислоцирање на пловилата од Студенчишкиот канал засега нема никакви најави.