Skip to main content

Плажа на охридско крајбрежје

Бела грутчеста материја пронајдена кај скопјанец

Пронајдена е бела грутчеста материја кај 27-годишен скопјанец на плажа на Охридското крајбрежје. СВР ќе поднесе соодветна пријава.
 |  инфодеск  | 
Полиција

На 23.07.2022 година во 22:45 часот во СВР Охрид лишен од слобода е К.М.(27) од Скопје.

При преглед извршен на плажа на охридското крајбрежје, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа бела грутчеста материја. По целосно документирање, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.