Skip to main content

Панорамски прошетки

Белата флота оваа сезона го бранува езерото

Бродарите задоволни од стартот на летната туристичка сезона. Туристите уживаат во панорамските прошетки по Охридското Езеро. Најбарани тури се до Свети Наум, Заливот на коските во Градиште и Канео. Најбројни гости се Холанѓаните и Полјаците.
 |  инфодеск  | 
Брод охридско езеро

Бродарите задоволни од стартот на летната туристичка сезона. Туристите уживаат во панорамските прошетки по Охридското Езеро. Најбарани тури се до Свети Наум, Заливот на коските во Градиште и Канео. Најбројни гости се Холанѓаните и Полјаците.

Охрид туристи

Велат намалувањето на рестрикциите и органичувањата поради пандемијата придонесоа ова лето да е подобро од претходните две.

Има и голем број туристи кои првпат слушнале за Македонија и дошле и кажуваат дека нема да им биде последен пат сакаат повторно да ја посетат, оти навистина нудиме нешто што е слабо изрекламирано за жал во изминатиот период. Најпродавана тура ни е за Свети Наум и со бродовите и со катамараните и убава реклама правиме за градот и за езерото – вели Димитар Мато, сопственик на катамаран.

Димитар Мато

Бродарите се жалат на инспекциите и поплаките на граѓаните од рекламните табли за прошетките по Охридското Езеро.

Од инспекциите сме на мета не не оставаат табли да ставиме, не не оставаат како да се рекламираме, а само на тој начин може да се информираат туристите за понудата која ја даваме ние. Инспекции пуштаат луѓето македонци една на други се тужиме. Сите тие табли се презентација, на некои не му се свиѓаат, но таква ни е нас работата на тој начин нудиме за да ги презентираме нашите тури – вели Мато.

Брод охридско езеро

Поради инфлацијата и бранот поскапувања забележително е и поскапувањето на прошетките со пловилата, но бродарите велат станува збор за минимално зголемување на цените на билетите.

Новинар : Соња Рилковска