Skip to main content

Белата флота подготвена за пловење

Белата флота во Охридското Езеро подготвена за пловидба во пресрет на туристичката сезона.

 |  Валентина Неловска  | 
brodovi
brodovi

Белата флота во Охридското Езеро подготвена за пловидба во пресрет на туристичката сезона. Инспекторите  на Биро Веритас деновиве го завршиле техничкиот преглед на сите пловила, информира капетанот на охридската Капетанија, Горан Устијаноски.

brodovi„ Комерцијалните пловни објекти го поминаа прегледот на Биро Веритас. Овој меѓу преглед не покажа недостатоци и ситуацијата е константна како и при редовниот преглед. Пловните  објекти се спремни да ја почнат навигацијата во пресрет на туристичката сезона“.

Инспекторите на Капетанија пак, редовно ги контрлоираат бродовите и чамците за комерцијална пловидба, дали имаат уреден технички преглед, елеци за спасување, котви и јажиња. На ваквите недостатоци се внимава навреме да бидат  отстранети, а за две недели  ќе бидат инсталирани неопходните радио станици, кажува Устијаноски.   Тие беа голем недостаток и како заповедник на брод  ја чувствував нивната непоходна потреба. Никако не станува збор за софистицирана и  скапа инвестиција, туку за радиостаници кои ги имаат сите такси возила, напоменува сегашниот капетан на Охридската капетанија, Устијаноски.

„ Сите мора да знаеме, посебно за оние што велат  имаме мобилни телефони не ни требаат радиостаници, тоа е погрешно. Претплатникот на мобилниот може да не е достапен во даден момент што не е случај и со радиостаницата. Ако бродот има заповедник мора да има и радиостаница да е вклучен и да ги дава неопходните информации, а Капетанијата да ги препрати каде што треба. Сите мора да се вклучени во системот за да може да се реагира во дадени моменти без при тоа да се обраќате некому“.  

Во моментов во охридското пристаниште се засидрени 6 бродови. Капетанот додава дека некои од бродовите се со  капацитет од 150 патници, а некои од  80. Има регистрирано и повеќе пловни објекти кои влегуваат во категоријата чамец со носивост до 12 патници. 

{loadposition content9}