Skip to main content

Во село Белчишта започна изградбата на противпожарна станица

Доброволното противпожарно друштво „Ентузијаст“ – Дебрца брои 15 волонтери и веќе располага со противпожарно возило добиено како донација од Тирол, Австрија.
 |  инфодеск  | 

Во село Белчишта започна изградбата на противпожарна станица за Доброволното противпожарно друштво „Ентузијаст – Дебрца“.

Градоначалникот Златко Сиљаноски информираше дека за проектот од општинскиот буџет се издвоени 2,4 милиони денари, а механизацијата веќе работи на уредување на просторот кај општинската зграда во Белчишта.

Друштвото брои 15 волонтери и веќе располага со противпожарно возило добиено како донација од Тирол, Австрија. Во тек е и проект за набавка на дополнителна опрема, со цел да се зајакнат капацитетите за противпожарна заштита во Општина Дебрца.

Од локалната самоуправа велат дека обучените и опремени доброволци претставуваат значајна поддршка за професионалните пожарникари од охридската противпожарна единица, која покрива голема територија во општините Охрид и Дебрца.