Skip to main content

Белгијци си правеле марихуана журка во Градиште

Поради постоење на основи на сомнение за сторени кривични дела „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги,психотропни супстанци и прекурсори “, и „Овозможување на употреба на наркотични дроги“ СВР Охрид, поднесе кривична пријава против Ј.А.(17) и В.ф.Ф.(19), двајцата од Белгија.

 |   | 
belgijci
Белгијци

На 11-ти овој месец, на третата плажа во Градиште, при преглед на ранец сопственост на првопријавениот Ј.А. пронајдени се и одземени 13 грама опојна дрога Марихуана. Во ранецот, покрај најлонската кеса со марихуана, пронајдени се и грендер-метална машинка за дробење и три паковки ризла.
На импровизирана маса, околу која, покрај двајцата пријавени, седеле уште пет други лица, двајца од Белгија и тројца од Скопје, пронајдена е метална машинка за дробење-грендер како и еден џоинт, кој седумтемина наизменично го користеле.
belgijci

Пријавени, од лице од Скопје марихуаната ја набавиле на една од плажите во Градиште, на кого му платиле 2000 денари. Претходно, тие обезбедиле друга помала количина Марихуана, која заедно со другари ја користеле на повеќе места во Охрид и Маврово, при што,  правеле  и фото видео снимка.         

{loadposition content9}