Бенефитот од унифицираните сувенирници
Пред неколку месеци Охрид доби унифицирани туристички сувенирници од кои едната е лоцирана кај стариот чинар ,другата на градското пристаниште а се очекува наскоро да биде отворена и третата продавница наспроти градската пошта.

Министерката за култура Канческа-Милеска при отоворањето потенцира дека овие сувенирници имаат огромна важност за сите посетители и туристи бидејќи тука ќе можат да си купат автентичен сувенир кој го отсликува нашето богато културно наследство и сето она што го поседува нашата држава.
Покрај економскиот бенефит овие сувенирници ќе допринесат и за дополнително промовирање на македонскиот идентитет.
Занаетчиите сметаат дека на овој начин туристите ќе може да разграничат и да се информираат каде може да се најдат оригиналните производи.
Вакви туристчки објекти досега се отворени во Дојран,Ресен,Крушево Берово и Скопје а наскоро се очекува да бидат поставени и на други места.
Повеќе информации, денес во дневникот на ТВМ телевизија во 17:00.
{loadposition content9}