Skip to main content

Регулаторна комисија за енергетика

Бензините поскапуваат, дизелот поевтинува

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС95 ќе изнесува 77 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС98 ќе се продава за 79,5, а ЕУРОДИЗЕЛ за 80 денари за литар.
 |  инфодеск  | 
Горива

Бензините од полноќ поскапуваат за еден денар по литар, а цената на дизелот се намалува за исто толку, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,84 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС95 ќе изнесува 77 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС98 ќе се продава за 79,5, а ЕУРОДИЗЕЛ за 80 денари за литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство се намалува за половина денар по литар и ќе изнесува 78,5 денари. Малопродажната цена пак, на Мазутот се зголемува за 1,36 денари за килограм и ќе биде 40,593 денари.