Skip to main content

Автопат Кичево – Охрид

Бескрајни градежни работи на автопатот, сериозни штети за туризмот

Бескрајното одлагање на роковите за изградба на автопатот Охрид Кичево и зададе сериозен удар на оваа туристичка сезона. Туристичките работници велат дека традиционлните гости веќе го избегнуваат Охрид, поради бескрајната изградба на автопатот, и потенцираат дека за развој на здрав туризам, здрава економија, потребна е добра патна инфраструктура.
 |  Голабовски Крсте  | 
Автопат Кичево Охрид

Бескрајното одлагање на роковите за изградба на автопатот Охрид Кичево и зададе сериозен удар на оваа туристичка сезона. Крсте Блажевски, претседател на ХОТАМ,  во врска со изградбата на автопатот Охрид – Кичево, и загубите кои во туризмов регионов ги губи поради тоа, вели дека, нема веќе обвинувања, едноставно објаснување за ситуацијата е дека едноставно толку не бива.

Покрај проблемите со патната сообраќајна инфраструктура, тука е проблемот и со железничката поврзаност на земјава. Хаотичниот развој на регионов по дејности пак, се на донесувањето на ДУПланови, кои произлегуваат од ГУП. Неопходно е да се донесат нови Генерални урбанистички планови за градовите Охрид и Струга. На последно донесениот ГУП  за општина Охрид во 2005 година, важноста му измина во 2015та година што значи градот влезе во 8-та година како проблемите од урбанизмот се решаваа парцијално со детални урбанистички плански документации.

„Немаме ДУП. Тие ДУПви дали ќе ги почне една влада или друга мора да ги имаме. Тие се една основа за развој не само во туризмот, туку општо во сите гранки кои ги имаме во регионов. Се надеваме дека ќе се донесе еден план кој ќе важи за следните 50 години за овие млади деца кои бегаат да знаат кога нивното време ќе дојде.“- изјави Крсте Блажевски – Претседател на ХОТАМ.

Блажески вели дека стои апелот да се заврши барем сообраќајното решение од аеродромот до влезот на Охрид и Струга. Но,тоа не се  случи, па првата слика со која гостите се среќаваат велат е како да дошле во Бејрут.

„Таа глетка наместо да биде кога ќе си оди во туристичко место со осветлени патишта ако доаѓа авионот навечер со цвеќе, зеленило убаво покрај патот, да се знае штом е влез да биде обележан влезот на Охрид, истото и за Струга.“ – вели Блажески.

И покрај актуелната градежна состојба со овој проект, Олег Маленко од Т. А. „Виспој“ уште се надева дека патот ќе биде завршен. Вели, дека се сеќава на тоа колку бил осудуван кога бараше на почетокот на летото да се запрат работите на влезот во Охрид, а сега кога значително е намалена фрекфенцијата на сообраќај, сезоната е на самиот крај, бројот на гостите е многу мал, а на делницата ништо не се работи.

„Бев еден од најсреќните луѓе кога почна да се работи овој проект во 2014 година, сега сум еден од најнесреќните, бидејќи после десет години не е изграден. Жалам што е вака. Се, што и да кажеме е неважно кога го гледаме ова ругло на влезот од Охрид.01,17(лепи)01,23„Многу луѓе го избегнуваат Охрид, поготово традиционалните гости, како оние од Србија, кога не доаѓаа гостите од ЕУ, чекаат да се направи и прашауваат ајде кога ќе се направи за да дојдеме, не сме дојдени 10 години.“ – изјави Олег Маленко – T.A. „ВИСПОЈ“.

Во кој правец се движат работите, Блажески вели, нека ни дадат на сите 3000 вработени во туристичкиот сектор по една лопата, да организираме една работна акција и барем од аеродромов до Охрид и Струга да го направиме патот, бидејќи, како стојат работите од сезона во сезона, почнавме да ги губиме и традиционалните туристички гости, оние кои барем еднаш во годината мораа да го посетат Охрид.