Skip to main content

Бесплатен филмски курс „Филмски колаж“ од 3ти до 7ми јули во Младински Центар Охрид

Преку теоретски и практични предавања од областа на актерската игра, филмската камера, сценографија и костимографија, филмска шминка и маска, видео монтажа, дизајн на звук, филмска музика и режија, учесниците ќе стекнат темелни знаења и практични вештини.
 |  инфодеск  | 

Во просториите на Младинскиот Центар Охрид, со почеток од 3ти јули ќе се оддржи филмски курс „Филмски колаж”, кој е дизајниран како алатка за сите средношколци и студенти со интерес кон филмската уметност.

Целта е да им овозможи на младите да се запознаат со различни аспекти на филмската продукција и да ги развијат своите критички и креативни способности. Преку теоретски и практични предавања од областа на актерската игра, филмската камера, сценографија и костимографија, филмска шминка и маска, видео монтажа, дизајн на звук, филмска музика и режија, учесниците ќе стекнат темелни знаења и практични вештини.

-Со овој курс се пружа можност да ја зацврстиме филмска писменост кај младите вљубеници во филмот, да го поттикнеме критичкото размислување и креативност, и да ги запознаеме со реалната професионална пракса пред влезот во филмскиот свет. Овој сеопфатен филмски курс ќе се оддржи во три дела, теоретска настава, теренска настава од 3ти до 7ми јули, во просториите на на Младинскиот Центар Охрид и фаза на постпродукција. Предавањата ќе ги водат стручни лица, а при теренската настава учесниците ќе имаат можност практично да се запознаат со процесот на работа на филмски сет и да работат со филмска техника. „Филмски колаж” е одлична можност за младите да се впуштат во светот на филмот, да ги развијат своите таленти и да се подготват за идните предизвици во филмската индустрија, велат организаторите.

Работилниците опфатени во „Филмски Колаж”, ја организира филмската продукција Шарада во соработка со Beach Film Festival, и е проект поддржан од Министерството за Култура на РСМ. Сите заинтересирани можат да се пријават преку директна порака на профилите на Младинскиот Центар Охрид и Beach Film Festival.