Skip to main content

Бесплатен летен одмор за децата од охридските семејства во социјален ризик

Опфатени се дечињата родени во периодот од 1999 до 2003та година, односно оние кои посетуваат редовна настава од петто до осмо одделение.

 |  Мишел Наумоски  | 
socijalni grizi
социјални грижи

И годинава бесплатно летување за дечињата од охридските семејства со социјален ризик. Проектот на Министерството за труд и социјална политика предвидува ова право да го искористат децата чии родители се корисници на социјална парична помош, постојана парична помош, детски додаток, посебен додаток како и деца без родители и родителска грижа. Годинава опфатени се децата родени во периодот од 1999 до 2003та година, односно оние кои во моментот посетуваат настава од петто до осмо одделение.

besplatno letuvanje„Аплицирањето за користење на ова право се врши во Центарот за социјална работа, со поднесување на барање за користење на правото и во наредните неколку недели, истите лица ќе ги користат услугите во некои од туристичките центри во Струга и во Битола. Со програмата е предвидено 2000 ученици да бидат корисници на ова право.“-вели директорот на Центарот за социјални работи од Охрид, Екрем Каљоши.

Постапката за пријавување се одвива на тој начин што стручните работници од Центарот за социјални работи се јавуваат до корисниците, им укажуваат на можноста за остварување на ова право и доколку се согласат родителите, се поднесува барање до Центарот.

Што се однесува за Охрид, директорот Каљоши вели дека до сега се пристигнати околу 15тина барања за остварување на ова право.

odmor deca socijalno„За целиот период децата ќе имаат организирано културно, едукативен и спортски живот. Ќе се под надзор на стручни лица. Се надеваме дека ќе ја прифатат оваа понуда и дека добро ќе си поминат. Лицата со посебни потреби имаат право од придружба. Што се однесува до транспортот, тој е организиран од страна на Министерството за труд и социјална политика. Задолжени се центрите да ги испратат децата со автобус организиран како и прием во моментот кога тие ќе се вратат.“-рече Каљоши.

Рокот за поднесување на барањата за остварување на ова право е до 27ми Јуни, но Каљоши вели дека по потреба тој може и да се продолжи.

Лицата кои ќе ја користат услугата за тоа ќе бидат информирани од страна на надлежниот центар за социјална работа. Инаку, услугата се користи во текот на летниот распуст во смени од по седум дена, почнувајќи од 1ви Јули. Таа опфаќа шест полни пансиони, односно ноќевање со три оброка дневно. Оваа програма, се спроведува трета година со ред.

{loadposition content9}