ЈП „Билјанини Извори” ја известува јавноста дека ден 07.01.2023 (сабота) јавниот градски паркинг со кој стопанисува јавното претпријатие ќе е бесплатен за сите нејзини корисници.
ЈП „Билјанини Извори” се приклучува во одбележувањето и славењето на христовото раѓање и во таа насока ја донесе оваа одлука.
Јавното претпријатие им го честита празникот на сите православни верници и им посакува многу здравје и бериќет. За многу години, „Христос се роди”, велат од ЈП „Билјанини извори“ Охрид.