Skip to main content

Недела 16-ти април

Бесплатен паркинг за Велигден во Охрид

ЈП „Билјанини Извори” на сите православни верници им го честита најголемиот христијански празник Велигден, со најискрени желби за добро здравје, бериќет и многу љубов.
 |  инфодеск  | 
Охрид паркинг

ЈП „Билјанини Извори” по повод големиот христијански празник Велигден донесе одлука на 16-ти април (недела) користењето на услугите на јавниот градски простор со кој стопанисува да биде бесплатно за сите нејзини корисници.

ЈП „Билјанини Извори” на сите православни верници им го честита најголемиот христијански празник Велигден, со најискрени желби за добро здравје, бериќет и многу љубов. За многу години! – велат од Јавното претпријатие.