Skip to main content

Голем број охриѓани и туристи го искористија бесплатниот скрининг за детектирање на болести на црн дроб

Целта е подигнување на свесноста за црнодробните болести, како што се црнодробен карцином, замастување на црниот дроб од алкохолна и неалкохолна природа, цироза и ретки болести на црн дроб.
 |  инфодеск  | 

Министерството за здравство, заедно со Хепар Центар-Битола и клиниките за гастроентерохепатологија и инфективни болести, по повод Светски ден за борба против хепатитисот, спроведуваат заедничка национална кампања за бесплатен и анонимен скрининг за хепатитис Б, хепатитис Ц и ХИВ, како и еластографија за хронични црнодробни заболувања.

По тој повод, синоќа на градскиот плоштад во Охрид беше поставена мобилна единица каде голем број охриѓани и гости ја искористија можноста за бесплатно и анонимно тестирање за навремено детектирање на болести на црн дроб.

Националната кампања за бесплатен и анонимен скрининг за навремено детектирање на болести на црн дроб се реализира во 10 градови во државата. Целта е подигнување на свесноста за црнодробните болести, како што се црнодробен карцином, замастување на црниот дроб од алкохолна и неалкохолна природа, цироза и ретки болести на црн дроб.