Skip to main content

НУ Библиотека Григор Прличев

Бесплатни часови по англиски јазик за возрасни во Охрид

НУ Библиотека „Григор Прличев“ организира бесплатни часови по англиски јазик за возрасни лица кои веќе имаат основно познавање (ниво А1 и погоре) и сакаат да ја подобрат комуникацијата на англиски јазик.
 |  инфодеск  | 
Библиотека Охрид

НУ Библиотека „Григор Прличев“ организира бесплатни часови по англиски јазик за возрасни лица кои веќе имаат основно познавање (ниво А1 и погоре) и сакаат да ја подобрат комуникацијата на англиски јазик.

Часовите ќе се одржуваат секој четврток од 17:30 до 18:30 часот во просториите на библиотеката, а ќе ги води Дани Хамилтон, американска волонтерка во Мировен корпус на САД, носител на Кембриџ CELTA сертификат и со искуство во настава по англиски јазик за различни возрасни групи.

Наставата ќе биде интерактивна и практична, без тестови и без притисок, со фокус на разговор, секојдневни ситуации и развивање на комуникациски вештини.

За учество потребно е кандидатите да бидат зачленети во библиотеката. Годишната членарина изнесува 300 денари и овозможува користење на библиотечниот фонд во текот на целата година.

Пријавувањето се врши на електронската адреса biblioteka_ohrid@yahoo.com, најдоцна до 28 февруари.