Skip to main content

За сите средношколци од прва година во охрид

Бесплатна посета на претставата Крик за љубов

Претставата ќе се одигра на 30-ти септември (петок) со почеток во 20 часот, со ограничен број на посетители.
 |  инфодеск  | 
Крик за љубов

Националната установа Центар за култура “Григор Прличев”- Охрид како организатор и незаобиколен фактор на културниот живот во Охрид и во неговата околина успешно развива бројни културни содржини што ги анимира граѓаните и особено младата генерација. За таа цел оваа Установа со почетокот на новата театарска сезона 2022/23 година почна со континуирано прикажување на театарски претстави.

За успешен почеток на школската година нудиме бесплатна посета на театарската претстава „Крик за љубов” за сите средношколци од прва година од градот Охрид. Театарската претставата „Крик за љубов” е романтична комедија создадена од француската писателка Жозиен Баласко, а во режија на Љупчо Георгиески. Улогите ги толкуваат Никола Тодороски, Горан Стојаноски, Ивица Цонев и Адријана Билаловиќ Тодороска. Младата популација повторно да ја насочиме кон културните вредности во пост Ковид периодот, бидејќи културата го дефинира идентитетот младиот човек и го регулира неговото натамошно однесување – велат од Центарот за култура „Григор Прличев“.

Претставата ќе се одигра на 30.09.2022 (петок) со почеток во 20 часот со ограничен број на посетители.