Бесплатната правна помош останува еден од клучните механизми за еднаков пристап до правда

Повеќе од 5.000 граѓани лани добиле примарна бесплатна правна помош, а стотици оствариле право на бесплатно судско застапување. Од Министерството за правда велат овој механизам е еден од најважните за обезбедување еднаков пристап до правдата, особено за граѓаните кои не можат сами да ги покријат трошоците. Токму овие теми се во фокусот на десеттата Охридската летна школа за природно право.
-Обезбедивме право на секундарна правна помош на над стотици граѓани тоа значи дека бесплатно застапување пред судовите правоти им е обезбедено за секој еден и оној кој што финансиски не може да си обезбеди да достигне да ја обезбеди правдата, кажа Ален Деребан – заменик министер за правда.
Експертите сметаат дека системот може дополнително да се зајакне преку правните клиники на факултетите, кои покрај практичната настава за студентите, можат да обезбедат и правна помош за граѓаните што немаат финансиски можности да ангажираат адвокат.

-Средствата што се издвојуваат преку Министерството за правда се ограничени. Дел од бесплатната правна помош се остварува преку адвокати кои се на посебна листа за давање бесплатна правна помош, но средствата што државата ги издвојува за оваа намена се исклучително скромни. Затоа треба да се зајакне целокупниот систем на бесплатна правна помош, со поголема поддршка и од други институции, не само од адвокатите, туку и од граѓанскиот сектор и граѓанските организации, истакна академик Владо Камбовски од Центарот за стратегиски истражување при МАНУ.
Бесплатната правна помош, која се спроведува со поддршка на австриската влада е мерка која ќе им овозможи на граѓаните со ниски приходи, жртвите на семејно насилство, лицата со попреченост и други ранливи категории да добијат застапување пред суд без финансиски товар
Новинар Соња Рилковска







