Skip to main content

НУ Библиотека Григор Прличев

Бесплатни часови по англиски јазик во охридската библиотека

Заинтересираните можат да се пријават на телефонскиот број 071/499-076.
 |  инфодеск  | 

Во Библиотеката „Григор Прличев“ – Охрид успешно се реализираат бесплатни часови по англиски јазик за деца и возрасни, кои предизвикаа голем интерес кај граѓаните.

Часовите за деца од 6 до 11 години започнуваат на 16 септември, од 12:30 до 13:30 часот, додека часовите за возрасни започнуваат на 17 септември, од 17:00 до 18:00 часот.

Програмата ја води Дени Хамилтон, волонтерка на Мировниот корпус на САД со TESOL сертификат, во координација со вишата библиотекарка Елена Станкоска.

Заинтересираните можат да се пријават на телефонскиот број 071/499-076, Елена Станкоска.