Бесплатни прегледи и консултации во ЈЗУ „Св. Еразмо“ по повод Светскиот ден на мозочниот удар

По повод Светскиот ден на мозочниот удар, во петок, 30 октомври 2026 година, во Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид ќе се одржи отворен настан посветен на превенцијата и подигнувањето на свеста за мозочниот удар.
Настанот ќе се реализира од 10:00 до 13:00 часот, на Одделот за неврологија, каде што граѓаните ќе имаат можност да добијат бесплатни прегледи, проценка на ризик-факторите за мозочен удар и индивидуални консултации со специјалистите на Одделот за неврологија.
Активноста е наменета за сите заинтересирани граѓани, особено за лицата кои преживеале мозочен удар, нивните семејства и блиски, како и за сите што сакаат да се информираат повеќе за превенцијата и зачувувањето на здравјето на мозокот.
Од болницата ги повикуваат граѓаните да ја искористат можноста за бесплатни прегледи и стручни совети, со цел навремено препознавање на ризик-факторите и преземање мерки за заштита на здравјето.
Петок, 30 октомври | 10:00–13:00 часот | Оддел за неврологија, „Св. Еразмо“ – Охрид




