Црвен крст Охрид започна да нуди бесплатно психолошко советување.
Советувањето се одвива во просториите на Црвен крст Охрид, секој петок, од 9 до 12 часот, со претходно закажување, а сите аинтересираните граѓани можат да закажат термин за советување на телефонскиот број 070 729 615.
Од општинската организација на Црвен крст додаваат дека оветувањето го реализира Мерсиха Исмајлоска, гешталт советник, а потенцираат дека го организираат во соработка со Анима – Центар за личен развој, едукација и психотерапија.
