Кривична пријава за охриѓанец
Бесправно оградил државно земјиште во Орман
Кривична пријава против 55-годишен охриѓанец кој бесправно оградил државно земјиште во селото Орман каде посеал јачмен и насад од орев на вкупна површина од 7.368 метри квадратни.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.П.(55) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности”.
Тој во период од 2021 и 2022 година, бесправно оградил државно земјиште во охридското село Орман каде посеал јачмен и насад од орев на вкупна површина од 7.368 метри квадратни. Земјиштето го обработувал без да поседува важечки склучен договор за закуп со надлежен државен орган – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.


