Skip to main content

Шумски појас Мазатар

Бесправно пресечени букови стебла на Галичица

Забележани се 32 бесправно пресечени букови стебла во одделот 14 на шумскиот појас „Мазатар” кој се наоѓа на планината Галичица.
 |  инфодеск  | 
Мазатар Галичица

На 15.11.2022 година од 8 до 15:30 часот, полициски службеници и претставници на Шумската полиција од Охрид извршија контроли на шумскиот појас „Мазатар” на планината Галичица.

Притоа, во одделот 14 со кој стопанисувал правен субјект со седиште во Охрид забележани се 32 бесправно пресечени букови стебла. Се преземаат мерки за расветлување на настанот – информираат од СВР Охрид.