Skip to main content

Бетонска база еколошки проблем за жителите од ул. Кленоец

Бетонска база еколошки проблем за жителите од ул. Кленоец.

 |  Валентина Неловска  | 
bb
bb

Жителите од месната зедница 15-ти Корпус, од улиците Кленоец, Српница и Веле Марко реагираат на сериозен еколошки проблем кој го загрозува нивното здравје.  Огромни облаци прашина секојдневно се дигаат пред нивните домови. Прашината се таложи на крововите, автомобилите, растенијата. Се жалат дека не можат да отворат прозор нити да исушат алишта.  Но, најмногу од се стравуваат за здравјето, раскажува Блаже Настоски еден од жителите кој се соочува со овој проблем.prasina

„Имаме еколошки проблем. Имаме база која е голем загадувач и бараме нејзина дислокација или некое решение. Живеат доста луѓе, има мали деца, а воздухот е загаден. Охрид е град на Унеско и се надеваме дека некој ќе ни помогне да се дислоцира базата од ова населено место“.
 
Ристо Божиноски се надоврзува на својот сосед Настоски и укажува дека повеќе од 5 години покрај прашината  ја трпат и несносливата  бука..

„Проблемот  е преку цел ден , штом работи базатат најмногу кога се носи бетон и претовара во силосите има и прашина и бука. Кога ќе им текне работат, и по 11 часот навечер, зависи, немаат одредено време.“

Настоски напоменува дека во неколку наврати разговарал со сопственикот и му укажал на сериозниот проблем кој се рефлектира  врз здравјето на жителите. Покренале и иницијатива преку месната заедница  за собирање потписи и досега собрале над стотина потписи.
bbaza
ТВМ го контактираше одделениeто за животна средина при Локалната самоуправа. Ова одделение е задолжено да ги издава дозволите за работа на бетонските бази. Од одделението информираат дека го одбиле барањето на сопственикот за издавање на Б интегрирана еколошка дозвола па базата работи нелегално без поседување на дозвола. Напоменуваат дека ни во урбанистичкиот план за овој дел од градот не е предвидена изградба на бетонска база. Од главниот општински инспекторат информираат дека пред две години на сопственикот на базата му изрекле забрана за вршење на дејност од 1 месец согласно законските прописи. Но, нивното решенение не било прифатено од Министерството за животна средина и базата повторно почнала со работа. Од инспекторатoт укажуваат дека може повторно да интервенираат доколку жителите до нивниот инспекторат достават најмалку 50 потписи. Сите бази кои не поседуваат  Б интегрирани еколошки дозволи ќе престанат со работа  од 1 април 2014 година, укажуваат од општинскиот инспекторат.    

{loadposition content9}