Skip to main content

Без осигурителна полиса нема ни пловидба за пловните објекти

Без осигурителна полиса нема ни пловидба за пловните објекти.

 |  Валентина Неловска  | 
објекти

Пловилата без  осигурителна полиса неможе да пловат. Предметото не се разгледува доклу нема приложена полиса. Сопствениците на пловилата ги  почитуваат правилата меѓу кои е и  задолжително нивно осигурување, тврдат од охридската од Капетанија .

бродови

„ Од кога ќе се направи техничкиот преглед пловниот објект кој е технички способен за пловидба подлежи  и на осигурување, полисата се издава во осигурителните друштва. Полисите за осигруување се со различни рокови на траење во зависност о д периодот кој го покриваат. За најмалите  пловни објекти кајчињата  до 10 коњски сили е на 5 години. Секоја година се вади полиса и сопственците се должни да го достават договорот со осигурителните компании. Оние на 2 години ги носат полисите секоја година , но и договорот за осигурување за периодт кој го покрива. За глисерите, бродовите и скутерите кои имаат посилни мотори осигурувањето е на една година, “ посочува капетан Горан Устијаноски.

 

соСава осигурување , пак како компанија од ваков вид според статистичките показатели неклку години  по ред е на врвот по бројот на  издадени полиси за осигурување на пловните објекти, укажува регионалниот шеф на компанијата Ристана Николовска. Тоа  се должи на квалитетните услови кои им ги нудиме на клиентите, напоменува Николовска. Цената е достапна, а сумите на осигурителните покритија се добро изработени додава таа.

„Со оваа полиса обезбедуваме одгворонос и од трето лице. Исто така на пловните објекти може да се направи и каско осигуирување.Нашата компанија го овозможува и осигрурувањето на патници за тие што вршат превоз или им е бизнис  со туристи и патници кај нив е задолжително , а кај другите не е задолжително осигурувњето, посочува Николовска.  

Николовска посочува дека имаат на раполагање и други бројни пакети за осигурување. Додава дека и понатака потфрлува осигурувањето кај домаќинствата затоа што граѓаните немаат навики да ги осигуруваат домовите од различни видови штета, вели Николовска.