Поради настанат дефект на водоводната мрежа (пукната е цевка со профил ф 160 мм), денес од 10:30 часот без вода се корисниците на улиците: „Богомилска“ ,„Ѓорче Петров“, дел од Бул. Туристичка и „Даме Груев“ (комплекс згради – Христо Узунов), информираат од ЈП Водовод Охрид.
Екипи на претпријатието се на терен до целосно завршување на санацијата, велат од ЈП Водовод.