Без вода корисниците на дел од крајбрежниот појас во Рача
Екипи на ЈП „Водовод“ Охрид се на терен и работат на отстранување на дефектот.

Поради настанат дефект на водоводната мрежа, денеска од 16:30 часот, без вода ќе бидат корисниците од крајбрежниот дел на населбата Рача.
Екипи на ЈП „Водовод“ Охрид се на терен и работат на отстранување на дефектот. Прекинот во водоснабдувањето ќе трае неколку часа, односно до целосно завршување на санацијата.
Од претпријатието апелираат до корисниците за разбирање и трпение до нормализирањето на водоснабдувањето.







