Skip to main content

Јавно претпријатие за комунална дејност „Дебрца“

Без вода останаа неколку села во Дебрца, ЕВН ги исклучи пумпите од напојување

ЈПКД Дебрца разговара за постигнување на спогодба со ЕВН.
 |  инфодеск  | 
Дебрца

Без вода за пиење во моментов се Арбиново, Издеглавје, Слатински Чифлик, Мешеишта, Требеништа, Горенци, Оровник и Подмоље.

Јавното претпријатие за комунална дејност „Дебрца“ ги известува граѓаните на Дебрца дека пумпните станици за вода во Арбиново, Издеглавје, Требеништа, Мешеишта и Оровник се исклучени од снабдување со електрична енергија од страна на ЕВН.

„Еднострано и спротивно на правилата за снабдување со електрична енергија ЕВН вчера во вечерните часови ги исклучи пумпите.“ – велат од јавното претпријатие.

ЈПКД Дебрца разговара за постигнување на спогодба со ЕВН.