Skip to main content

Без вода Видобишта, Црногорци, Лескоец и Лакочереј

Екипите на ЈП Водовод работат на отстранување на дефектот.
 |  Маја Савиќ  | 

Поради настанат дефект на водоводната мрежа, денес од 16:00 часот, неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улиците: “Питу Гули”, “15ти Корпус”; населбите Видобишта, Црногорци и селата Лескоец, Горно и Долно Лакочереј. Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен, до завршување со санацијата.