„Безбеден град” се воведува во туристичките центри Охрид и Струга
Се поставуваат 40-те камери во рамки на системот „Безбеден град” во двата туристички центри Охрид и Струга. Видео надзор има на најфреквентните раскрсници и делници, не влезовите на градовите и во централното градско подрачје.
Поставени се на целиот патен правец кон Свети Наум и плажите, патот кон аеродромот, автопатот Охрид- Кичево, како и граничниот премин Ќафасан.

„Сејф сити” се очекува да ја зголеми безбедноста во сообраќајот.
„Сите камери се поставуваат на клучните раскрсници и ги покриваат тие делници. Голем број од овие учесници реагираат бидејќи велосипедските патеки и ленти често се зафатени со непрописно паркирани возила. Се надеваме дека „Сејф Сити” ќе придонесе да се отстрани овој проблем и да се зголеми безбедноста во сообраќајот”, вели Гоце Пуроски, претседател на Совет за безбедност во сообраќајот.

Статистиката покажува дека пешаците и велосипедистите се најзагрозени учесници во сообраќајот, а најчести причини за сообраќајните незгоди се преголема брзина претекнување и управување под дејство на алкохол.
„Се надеваме дека овие мерки ќе бидат и тоа како поригорозни и ќе вродат со плод, бидејќи ние како граѓани најмногу треба да работиме на развивање на свеста. Бидејќи не се казните приоритет, човечкиот живот секогаш треба да е приоритет и да сме свесни дека од нашите постапки зависат и другите животи.”, вели Билјана Богданова Смилеска Совет за безбедност.
Со имплементацијата на „Безбеден град”, Охрид и Струга влегуваат во нова фаза на дигитален надзор во сообраќајот, со очекување да се намали бројот на сообраќајни незгоди и ќе се зголеми дисциплината кај возачите.


