Skip to main content

Од понеделник започнува примената на системот „Безбеден град“ на подрачје на СВР Охрид

Од понеделник, 12 октомври, системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ ќе биде активиран и на подрачјето на СВР Охрид. По завршувањето на техничките проверки и финалните тестирања, камерите ќе овозможат континуирана контрола на сообраќајот, откривање прекршоци и зголемување на безбедноста на патиштата.
 |  инфодеск  | 

Од понеделник (12.10.2026), системот за сообраќаен надзор Безбеден град започнува со работа и на подрачјето на СВР Охрид, информираа од Министерството за внатрешни работи.
По извршените технички проверки и финалните тестирања, камерите на системот ќе бидат ставени во функција на сообраќајниците на подрачјето на СВР Охрид.


-Со активирањето на системот ќе се овозможи засилена и континуирана сообраќајна контрола, навремено откривање на сообраќајните прекршоци, зголемување на сообраќајната дисциплина и унапредување на безбедноста на патиштата,
велат од МВР.

Министерството за внатрешни работи апелира до сите возачи доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и со одговорно однесување да придонесат за поголема безбедност во сообраќајот.