На 26-ти октомври со почеток во 12 часот ќе се одржи свечен настан по повод завршувањето на проектот „Нови можности за безбеден зимски авантуристички туризам“. Проектот е финансиран од ЕУ, Програма за прекугранична соработка со Република Албанија и Министерството за Локална самоуправа на Македонија.
Настанот ќе се одржи во просториите на Оперативниот Центар на Планинската спасителна
служба во Охрид на ул. Кленоец бр. 2А.
Проектот е реализиран од страна на Црвен крст Охрид, во партнерство со општините Дебрца,
РСМ и Грамш, Албанија и Алпинистичкиот клуб ПАТАГОНИЈА Охрид. Во текот на тригодишната
имплементација се реализираа бројни инфраструктурни активности за развој на авантуристичкиот туризам, како и активности за подобрување на капацитетите на тимовите за спасување во прекуграничниот регион.