Skip to main content

СВР Охрид

„Безбедно лето 2023″- полицијата дели флаери за превенција од топлотен удар

Превентивните активности на СВР Охрид ќе продолжат и во наредниот период.
 |  инфодеск  | 
свр флаери

Во рамки на реализацијата на оперативниот план „Безбедно лето 2023″ се вклучија и полициските службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро” (Езерска полиција), која е во состав на граничната полиција на Регионалниот центар „Запад”.

Тие, вршејќи активности со пловни чамци по Охридското Езеро, го спроведуваат проектот „Превенција од сончаница и топлотен удар”, при што остваруваа контакт со граѓани кои пловат по езерото и низ непосредна комуникација ги потсетуваа дека топлото време и високите температури може да предизвикаат и сериозни последици врз здравјето и да доведат до состојби како што се сончаница и топлотен удар, кои понекогаш можат да бидат и закана за нивните животи.

Притоа, на граѓаните им беше поделен и едукативн материјали со практични совети за избегнување на несаканите последици. Ваквите превентивни активности ќе продолжат и во наредниот период.