Skip to main content

Безбедносната состојба во поглед на пожари и други катастрофи во земјава е неповолна

Треба да се работи превенција, спроведување на зкаоните, но и на подигнување на свесноста за волонтеризам.
 |  инфодеск  | 

Според експертите безбедносната состојба во поглед на пожарите и други несреќи и катастрофи во земјава е неповолна, поради тоа што со децении не се спроведува законот,  а ниска е и јавната свест и одговорност.  Слаба е подготвеноста за противпожарна заштита, не само на институциите, туку и во приватните и јавните објекти, како и  заштита од поплави и земјотреси.

Со децении не се работи на превенција, а оние кои се надлежни за инспекциски надзор тоа не го прават, велат експертите.

„ Оценките околу подготвеноста за вакви и други кризи мислам дека е крајно неповолна во нашата држава, од причина што неколку декади евидентно е дека се  импровизира, а отсутни се превентивните емрки кои се многу битни за да нема супресија. Импровизирање, несериозен пристап, длабока корупција, девастирани прептијатија за жал продонесува да имаме ваков епилог да ни страдаат енвини жртви во вакви несреќи. Длабоката корупција придонесува постојано овие состојби да се зголемуваат во негативна смисла и не знам колку би биле подговтвени ние не само за пожари  и други несреќи од калибар на поплави или земјотреси кога не знаеме колку може да издржат од потпишување на разни лиценци.“ – вели Ѓуро Јовчески основач на доброволно противпожарно друштво.

Охрид особено е засегант во летната туристичка  сезона кога има голем наплив на туристи,  забави, концерти,  настани, но  и тесни сообракајни грла и непристапност до локалитетите.

„Летниот период Охрид е оптеретен со многу народ, многу туристи, па отежнато е функционирањето каде да одат побрзо дали на концерти, дали на сообраќајки. И во Стариот дел на градот во тие тесни улици хидрантската мрежа колку што добив информации била во ред исправна. Охрид почесто подлежи на инспекции,  но проблемот е индивидуално тука народот ги остава возилата по улиците.“ -вели Ѓуро Јовчески основач на доброволно противпожарно друштво.

Треба да се работи и на подигнување на свесноста за волонтеризам. Во Хрватска има 150 000 пожарникари доброволци, а во нашата земја само стотина.

„Не е далеку Хрватска која има 150 000 волонтери пожарникари, Словенија има 200 000, ние сме пионери дали имаме стотина двесте. Сметам дека етаблирањето на младите секако да биде со сертификати, со полагање би било многу примарна и позитивна цел е за подобрување на заптита од пожари.Конкретно со нашето здружение Љубители на Галичица има триесеттина членови во три различни секции од кои едниот сектор е за заштита од пожари има десет лица подготвени пожарникари доброволци со сертификарти имаме обновена лична опрема и постоиме веќе две години.“ – вели Јовчески.

Од Здружението Љубители и поддржувачи на Галичица имаат аплицирано за набавка на возило со пумпа  кое што ќе биде употребувано за делување при пожари на отворено но и при други неповолни несреќи доколку  има потреба.

Новинар Соња Рилковска