Безбедноста-императив за Западен Балкан
На денешната меѓународна конференција за безбедност, се дискутираше за иднината на Западен Балкан пред се од безбедносен аспект.
Нато и Европската унија се иднината на Западен Балкан пред се од безбедносен аспект. Ова е една од поентите истакнати на денешната меѓународна конференција. За „Безбедноста и евроатлантските перспективи на Балканот“ со свој говор се обрати министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.
Таа потенцираше дека делувањето на безбедносните институции на Република Македонија истовремено делува и на сопствената, но и на регионалната безбедност.
„Во изминатиот период во Македонија беше конституирана една мошне солидна регулативна и институционална основа за натамошна надградба на безбедносниот систем кој што во целост ќе одговори на потребите и барањата на државата и нејзините граѓани, но и на потребите и барањата на меѓународната заедница чиј што доследен член е и Република Македонија. Тоа го сметаме и го сметавме за исклучително важна мисија преку чиешто остварување уште еднаш ќе понудиме силен доказ дека не само за нашата одговорност и смелост како држава туку и за нашатаподготвеност кон целосно евроатлантско интегрирање.“-рече министерката за внатрешни работи-Гордана Јанкулоска.
Повеќе од 90 учесници од 7 земји од регионов, научници и високообразовни институции ја дискутираа заедничката цел, зајакнување на безбедноста на Балканот преку интегрирано делување на институциите и научниците од оваа област. Како домаќин на конференцијата свое обраќање имаше и деканот на Факултетот за безбедност од Скопје, професор д-р Јанко Јакимов.
„Бројот на учесниците, бројот и содржината на темите искрено се надеваме дека ќе овозможат научно унапредување и продлабочување на нештата кои што не окупираат што пак ќе помогне во поуспешно справување со предизвиците кои што се манифестираат во нашите простори, а во кои ние реално живееме.“-вели деканот на Факултетот за безбедност од Скопје, професор д-р Јанко Јакимов.
Инаку, ова е втора конференција од ваков вид организирана од Факултетот за безбедност од Скопје, која за цел има да го сврти вниманието на науката и научната јавност кон современите евроатлантски интеграции.
{loadposition content9}