Skip to main content

„Безбедност во и околу вода“ – со здружени сили

Полицијата, капетанијата и Црвениот крст со здружени сили за безбедноста во и околу вода.

 |  Маленкова Татјана  | 
ezero
езеро

Полицијата заедно со капетанијата и со Црвениот крст заеднички го спроведуваат проектот „Безбедност во и околу вода“. Овој проект има превентивен, но и едукативен карактер.  Благодарение на координираната работа и мерките кои 24 часа дневно 7 дена во неделата ги спроведуваат овие институции  повеќе од очигдно е дека  видно е намален бројот на случени незгоди на вода.
Портпаролот на СВР, Стефан Димовски како илистрација кажа дека минатата година како служби регистрирале вкупно три незгоди на вода случени во Охридско струшкото крајбрежје од кои две резултирале со  повреди на капачите и еден давеник. Димовски кажа дека како служби имаат регистрирано 15 скутери кои сообраќаат на Охридското Езеро.


„Согласно одлуката на владата за ограничување во пловењето  ние во овој момент можеме да кажеме дека Dimoski i Dzajkoимаме два случаи на кршење на оваа одлука и против таквите сопственици и управувачи на скутери сме поднесле и соодветни пријави.  Би потенцирал дека 2009 год. Е всушност и најтрагичната година кога станува збор за незгодите на вода кога беа слуени вкупно четири незгоди на вода од кои најтрагична беше потонувањето на бродот Илинден. Сакам да потенцирам дека ваквите активности се насочени кон граѓаните“, истакна м-р Стефан Димовски, портпарол на СВР Охрид.

Како и секоја година капалиштата и делот за пливачи и годинава го обезбедува ОО на Црвениот крст. Претседателот на Охридскиот Црвен Крст, Сашо Точко  вели дека на охридското и струшкото крајбрежје има по десетина плажи кои што немаат услови за безбедно капење и спорт.  Тој отворено зборува за проблемите со кои се соочува оваа хуманитарна организација., но за среќа открива дека поголеми интеревенции во вода годинава немале.

„Инаку она со што се соочуваме и годинава тоа се бројот на активни давеници кои сме ги извлекле од 01 јуни до денес тоа се 19 на повеќето плажи на Охридскотот крајбрежје, тоа е потрагата по изгубени деца и лица, тоа е интервенцијата на лица кои лица кои возеле пловни објекти  и секако огромниот број на укажана медицинска помош која до денеска е 210 интервенции само на Охридското крајбрежје и преку 30 на струшкото и 10 тина интервенции на дојранското езеро“, истакна Сашо Точков,претседатл на ОО на Црвен Крст.

Капетанијата на пристаништата на Македонија пак се соочува со суштински проблеми  како што се скутерите и контролата на другите пловни објекти и необележаните пловни патишта.
„Секој кажан збор во насока на зголемување на безбедноста е додбредојден. Треба само поагресивно да се настапи на местата каде се собираат луѓето  за информациите да бидат подостапни за сите. Ние сме за да ги решаваме проблемите и го даваме максимумот од нас“, вели капетанот на капетанијата Горан Устијаноски.  

„Како што знаете темава беше актуелна цело лето дека на охридското езеро барем досега немаме никаква незгода што е резултат на зголемените средства издвоени од нашето министерство. Оваа година можам да се пофалам дека имаме добра сума на средства што го издвојуваме за инспекциски надзор условува нашите инспектори да бидат постојано на терен контролирајќи ги сите пловни објекти“, истакна капетанот на капетанија на пристаништата, Горан устијаноски.

Устијаноски додава дека инспектори постојано ја проверуваат техничката докуменатација на пловните објекти и алкохолизираноста на управувачите на чамците и на бродовите како и на екипажите. Но според него сепак најмногу се  обрнува внимание на нивното движење, затоа што мора да се почитува одлуката на влатата за привремена забрана за пловидба.
Инаку проектот  „За безбедноста во и околу вода“ беше денеска презентиран пред бродарите, концесионерите на плажи. Овој проект е подржан од мисијата на ОПСЕ на Р Македонија. Во наредниве денови благодарение на овој проект ќе се реализираат низа контакти со граѓаните по плажите ќе се посетуваат туристите кои ќе патуваат со бродовите и другите пловни објекти и низ директен контакт со нив  ќе им биде укажувано на потребата од зголемување на безбедноста на вода и од самогрижата.  Ќе се делат флаери и едукативен матријал, во пловните објекти ќе бидат поставени повеќе банери, а ќе се направи и анкета за нивните забелешки. Резултатите од анкетата ќе бидат инкорпорирани во идните активности на сите три субјекти кога станува збор за зголемување на безбедноста на вода, истакна портпаролот на СВР Стефан Димовски.

{lodposition content9}