Се зголемува безбедноста во водениот сообраќај
Воспоставен системот на радио врска помеѓу бродовите и охридската капетанија. Овие радиостаници првенствено се направени за контакт меѓу бродовите, но поседуваат можност и за општа узбуна.
Воспоставен системот на радио врска помеѓу бродовите и охридската капетанија. Овој проект кој беше најавен уште зимата конечно се реализира. Сега сите 5 комерцијални бродови се вклучени во системот, а интерес покажал и Хидробиолошкиот завод за и неговите два брода да бидат поврзани со капетанијата преку радио врска.
Капетанот Горан Устијаноски вели дека со овој систем сите бродови меѓусебно се поврзани па недај боже ако има некој проблем на некој од овие пловни објекти за тоа ќе бидат известени и останатите. Овие радиостаници првенствено се направени за контакт меѓу бродовите, но поседуваат можност и за општа узбуна. Опремата секој брод сам си ја набавил со сопствени средства. Устијаноски вели дека дури и сопствениците на кајчињата покажуват интерес за воведување ваков систем иако не се законски обврзани.
Бенефитите од воведувањето на ваквиот систем се големи, додава капетанот. Тој кажува дека веќе и самите заставници на бродовите го констатирале тоа бидејќи меѓусебно можат да се информираат за се она што се случува во езерото и за сите пречки кои постојат на патеката по која возат. Устијаноски вели дека овај систем требало многу порано да биде воведен поради безбедност во водениот сообраќај. Тој е оптимист дека овие радиостаници ќе функционираат барем во наредните десет години бидејќи ги задоволуваат сите најсовремени технички стандарди.
{loadposition content9}