Skip to main content

Безбедносни мерки и посебен сообраќаен режим за време на посетата на унгарскиот премиер Орбан на Охрид

Од СВР Охрид апелираат до граѓаните, да ги почитуваат насоките на полициските службеници кои, на одредените сообраќајници, ќе вршат физичко регулирање на сообраќајот.
 |  инфодеск  | 
Свр охрид

Со цел безбедно и непречено одвивање на предвидените активности, по повод претстојната посета на унгарскиот премиер Виктор Орбан и неговата делегација на Охрид, Секторот за внатрешни работи Охрид презема неопходни безбедносни мерки и активности.

Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај ги известува сопствениците на патнички и други моторни возила дека е потребно да ги дислоцираат возилата од паркинг местата на булеварот „Туристичка” и улиците „Коста Абраш”, „Цар Самоил” и кеј „Македонија”.

На 26 и 27.09.2024 година (четврток и петок), на улиците „Илинденска” и „Коста Абраш” ќе биде забрането запирање и паркирање на патнички и други моторни возила, а во тек на движење на возилата во состав на делегациите, привремено за сообраќај ќе биде затворен дел од магистралниот пат Кичево-Охрид, од аеродромот до клучката кај „Распаќе”, булеварите „Туристичка” и „Македонски просветители”, улиците „Абас Емин” и „Кирил и Методиј” како и регионалниот пат Охрид-Св.Наум.

На 27.09.2024 година, безбедносните мерки во сообраќајот ќе бидат преземани и на подрачјето на Пештани и Љубаништа.

Од СВР Охрид апелираат до граѓаните, да ги почитуваат насоките на полициските службеници кои, на овие сообраќајници, ќе вршат физичко регулирање на сообраќајот.