Бездомните кучиња кои гравитираа во централното градско подрачје од завчера ги нема
Во централното градско подрачје од пред два дена нема бездомни кучиња. Од здружението за заштита на животните „Анималија“ се сомневаат дека некој ги има собрано и ги има однесено на друга локација. Потенцираат дека оваа постапка е нехумана и противзаконска и бараат институциите сериозно да се зафата со решавање на овај проблем, а не да изнаоѓаат вакви несоодветни решенија.
Бездомните кучиња кои гравитираа во централното градско подрачје од завчера ги нема. Од здружението за заштита на животните „Анималија“ имаат индиции дека некој ги има собрано и ги има однесено на друга локација. Се сомневаат дека кучињата се однесени на депонијата Буково. Климент Арнаудов волонтер во здружението Анималија потенцира дека оваа постапка е нехумана и противзаконска.
И некои од граѓаните ни посведочија дека е извршена хајка на бездомните кучиња имаме и доказен материјал од слики. Се надевам дека некој од граѓаните и ќе посведочат за ваквиот немил настан. Заловувањето се правело многу нестручно па животните биле изложени на тортура што се коси со законот за благосостојба на животните. Тие биле заловени и пикнати во комбе и ги дислоцирале, вели Арнаудов.
Арнаудов кажува дека претходно ЈП „Комуналец“ побарало од „Анималија“ овие кучиња да бидат згрижени во стационарот за кучиња кој се наоѓа на Мауцкер. Но од Анималија му одговориле на јавното претпријатие дека во стационарот нема повеќе место и дека капацитетот е целосно исполнет. Тогаш од Комуналец најавиле дека бидејќи нема друг начин најверојатно ќе преземат мерки за заловување и дислоцирање на кучињата. Арнаудов потенцира дека ова во никој случај не е соодветниот начин за решавање на проблемот со бездомните кучиња во градов. Тие неодамна заедно со локалната започнаа проект за стерилизација на кучињата и веќе десеттина кучиња се стерилизирани. Но со оваа постапка проектот паѓа во вода бидејќи дел и од оние кучиња кои се стерилизирани сега се дислоцирани од градов.
Испадна сега буквално дека ние за џабе сме ги вложиле напорите и финансиите кои ни се доделени од страна на општина Охрид за реализација на тој проект кога кучињата се дислоцирани. Дел од тие кучиња кои се однесени на друга локација веќе беа и вдомени во странство, но бидејќи процедурата за добивање документи е долга сеуште не можевме да ги испратиме кај новите сопственици, Сега на овај начин пропадна и овај проект, објаснува Арнаудов.
Од Анималија реагираат дека институциите само на хартија го решаваат проблемот со бездомните кучиња а во пракса законските одредби се прекршуваат. Велат институциите да не го сфатат ова како критика туку како причина за да размислат сериозно за проблемот и да најдат начин ад асе корегираат во своето однесување. Се обидовме да стапиме во контакт со директорката на ЈП „Охридски Комуналец“ Елена Скрческа со цел да ја слушнеме и другата страна во врска со случајот за кој алармира Анималија, но не ни беше одговорено на повиците.