На 11.04.2022 околу 10 часот во СВР Охрид пријавено е дека во водите на Охридското езеро, кај комплексот „Св. Наум”, забележано е безживотно машко тело.
Јавен обвинител и полициски екипи извршија увид, а лекар од итна медицинска помош констатирал дека нема видливи траги на насилство. Безживотното тело е пренесено во Општата болница во Битола каде денеска ќе биде извршена обдукција – информираат од СВР Охрид.
СВР Охрид презема мерки за утврдување на идентитетот.