СВР Охрид
Безживотно тело пронајдено на плажата на Кеј Македонија
Информацијата за ТВМ ја потврди портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Околу 14 часот во водите на Охридското Езеро, на плажата на Кеј Македонија, пронајдено е безживотно тело. Информацијата за ТВМ ја потврди портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. На местото на настанот интервенирала екипа на брзата помош.
-Докторите констатирале смрт, а врз телото немало траги на насилство. Местото е обезбедено од полицијата и во тек е увид, истрагата ќе ги утврди причините за трагичниот настан, додаде Димоски.


