Библиотеките од Охрид и Златибор во рамките на 9. Фестивал на полско цвеќе ќе потпишат протокол за соработка

Директорката на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид, Христина Трпеска на покана од Регионалниот форум на хортикултурните библиотеки од Република Србија од 19 до 21 мај e почесен гостин и ќе учествува на 9. „Фестивал на полското цвеќе“ кој на Златибор го организира Библиотеката „Љубиша Р. Ѓениќ“.
Предвидено е двете библиотеки и фестивалот денеска да потпишат заеднички протокол за соработка на полето на хортикултурните библиотеки и туризмот меѓу Златибор и Охрид.

Директорката Трпеска вчера учествуваше и во работата на Стручниот семинар„Дигиталните ресурси и јавните библиотеки“ со презентација на работата на нашата Библиотека и проектите кои ги спроведуваме со акцент на дигитализацијата како процес.
Нa 28. Семинар има над 50 учесници од Македонија, Хрватска, Република Српска, Босна и Херцеговина и Србија.







