Skip to main content

Екологија

Биди екологист, а не песимист

Црвен крст Охрид организира настан за подигнување на еколошката свест кај младите, „Биди екологист, а не песимист“.
 |  Голабовски Крсте  | 
Биди екологист не песимист настан

Во рамките на програмата Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности (ЦКА-ПХВ), Црвен крст Охрид организира настан – прошетка и кратка работилница за подигнување на еколошката свест кај младите, „Биди екологист, а не песимист“.

Целта на овој настан е да се поттикнат сите младинци да ја разбудат својата еколошка свест и да направат мал чекор за големи промени. Да се сплотиме сите заедно и да ја направиме планетата Земја подобро место за живеење, велат од ОО Црвен крст Охрид.

Настанот „БИДИ ЕКОЛОГИСТ, А НЕ ПЕСИМИСТ” ќе се одржи на 30 април со почеток во 11:30 часот на Градскиот плоштад.

Од тука па до паркот пред Куба Либре е организирана прошетка по охридскиот кеј. На финалната локација, со почеток во 12:30 часот учесниците ќе имаат можност да присуствуваат на едукативна и интересна презентација испреплетена со вежби (едукативни игри) на тема екологија, додаваат од организацијата.

Биди екологист не песимист настан

Уникатен е начинот и на кој што се плаќа влезница за овој настан. Имено, заинтересираните со себе треба да донесат 5 шишиња или пак 3 лименки за да можат да бидат дел од настанот.

Програмата Црвен крст во Акција- Промоција на хумани вредности (ЦКА-ПХВ) претставува национална алатка за привлекување и задржување на волонтери во Црвениот крст на Р.С. Македонија. Истата се имплементира во сите Општински организации на Црвен крст и на годишно ниво обучува околу 1200 младинци, потенцијални волонтери во организацијата и 40 дисеминатори кои работаат со младинците.Младите добиваат обука за вредностите на Црвениот крст, учат за културата како систем од вредности, за културата на дијалог како основен предуслов за градење на интеркултурно општество.