„Биди промената“, проект за подигнување на јавната свест за бегалците и мигрантите
Група млади луѓе од пет европски земји работат на подигнување на свеста за бегалскта криза и проблемите на мигрантите. Тое е во рамки на проектот „Биди промената“, како дел од програмата Еразмус+. Целта на проектот е да се подигне свеста за бегалците миграциите и медиумската покриеност и да се информираат луѓето за начини на кои тие можат да придонесат и да помогнат. Денес за оваа програма охриѓани беа информирани преку Флеш моб кој се одржа на градскиот плоштад.
Учесници од 5 земји, Македонија, Словачка, Италија, Шпанија и Романија се дел од проектот „Биди промената“. На овој проект работат четириесет млади луѓе во рамките на Еразмус+ програмата. Тие преку размена на младински искуства работат на темата бегалци и миграции. Со цел да се информираат што е можно поголем број на граѓани за програмата Еразмус+ и сите можности кои им стојат на располагање, денес на градскиот плоштад Св Климент Охридски во организација на Здружението ГЕТ ИНОВАЦИЈА од Битола, беше организиран флеш моб.
„Од она што беше досега презентирано, Македонија е на средина од она што Италија го работи во процесот на интегрирањето на бегалците и прифаќањето и останатите земји кои што имаат политика помал број на бегалци да влегуваат во нивните земји, истото се однесува и на миграциитена. Нашите очекувања во поглед на младинската размена, се што поголем број луѓе да информираме за оваа тема меѓутоа и младите луѓе кои што учествуваат на проектот да имаат можност посел доаѓањето во Македонија да направат активности со кои ќе ја подигаат свеста и ќе ги информираат нивните локални заедници“.
Нејтон Пашко од Словачка за прв пат е во нашата земја, стигнал по препорака од негов другар, кој му пренел дека на овој настан ќе се стекне со значајно искуство.
„Во моментов тука сме да ја подигнеме свеста за бегалците и бегалската криза и да направиме врева или момент со кој ќе ги информираме луѓето за оваа ситуација и како тие можат да помогна“
Организаторите посочија дека населението треба прави разлика што е бегалец, а што мигрант. Бегалец е лице кое е присилно ја напушти својата земја со цел да избегне војна, прогон или природна непогода. Мигрант е лице кое не е присилено да ја напушти својата земја но ја напушта својата земја за подобар живот. Бегалците обично доаѓаат од Сирија, Либија, Етиопија, Ирак, Гамбиа и Сомалија. Во овие земји тие се принудени да живеат во лоши услови, глад, жед, опасност, прогон, тиранија, насилство и природни непогоди. Граѓаните можат да помогнат со донација на вода храна и облека, како и да се придружат на организациите и да волонтираат во нивните активности, исто така да ја покренат свеста и емпатијата за бегалците.