Бирото за јавна безбедност ќе поведе истрага за криминални дејности на претходната локална власт
Бирото за јавна безбедност ќе поведе истрага за криминални дејности на претходната локална власт.
Директорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков во Охрид се сретна со градоначалникот Никола Бакрачески. Чавков и Бакрачески разговарале во врска со основани сомневања за одредени криминални активности на претходната локална власт. Засега овие сомнавања се во форма на основи, но се доволна причина за понатамошно интензивирање и продлабочување на истрагата. По средбата, директорот Чавков најави подетална истрага поврзана со криминални активности во работата на претходниот градоначалник.
„ Целта на посетата и состанокот беше еден општ разговор околу одредени состојби кои се индикативни и укажуваат на постоење на криминални активности во работата на претходниот градоначалник“.
Чавков кажа дека станува збор за првични информации кои посочуваат на финансиски криминал и корупција. Утврдиле насоки за работа и тимски пристап со кој во истрагата ќе се вклучат финансиската полиција, јавното обвинителство за организиран криминал и СВР Охрид.
Директорот Чавков со градоначалникот Бакрачески и претставници од СВР Охрид разговарале и за презмање на мерки и активности за престојната туристичка сезона. Приоритет ќе биде висок степен на јавниот ред и мир и безбедност во сообраќајот, нагласи Чавков, директор на Бирото за јавна безбедност.
{loadposition content9}