Skip to main content

„Бистри Умови” со бесплатни курсеви, натпревари и вредни награди за ученици од цела Македонија

Целта е едноставна, но важна: талентот да биде препознаен навреме и секое мотивирано дете да добие можност да учи и напредува, без разлика каде живее и какви се финансиските можности на неговото семејство.
 |  инфодеск  | 
A young girl wearing headphones is focused on her laptop, engaging with educational content at her desk.

Четврта година по ред, „Бистри Умови – Bright Minds of Macedonia” организира целосно БЕСПЛАТНИ онлајн курсеви по математика и информатика за ученици од IV одделение до средно образование, од цела Македонија.

Годинава програмата е уште поширока – од ученици кои ги прават своите први чекори во математиката и C++, преку подготовка за натпревари, па сè до напредни програми за талентирани ученици кои сакаат да зачекорат по олимпискиот пат.

Целта е едноставна, но важна: талентот да биде препознаен навреме и секое мотивирано дете да добие можност да учи и напредува, без разлика каде живее и какви се финансиските можности на неговото семејство.

Новина оваа година се и завршните натпревари по математика и информатика. За освоено прво, второ и трето место се предвидени вредни награди – лаптопи, таблети, паметни часовници и друго.

„Идниот македонски олимпијец можеби денес е дете кое само ја чека својата прва вистинска можност. Наша цел е да му ја дадеме. Да не дозволиме талентот да остане незабележан само затоа што детето немало пристап до дополнителна едукација.”- велат од Бистри умови.

Пријавувањето е отворено.

Повеќе информации и пријавување: Бистри Умови на Македонија
Контакт: 078 416 164